Раде Цицмиловиќ ќе ја води Воска Спорт на дебито во ВМФЛ

Раде Цицмиловиќ е именуван за нов тренер на новиот второлигаш Воска Спорт кој за првпат во историјата ќе игра во ВМФЛ.

Охридскиот тим влезе во ВМФЛ-Запад по пат на баражот, па веднаш обезбеди ново име на клупата и изборот падна на Цицмиловиќ. 42-годишникот зад себе има искуство во Беласица и Тиквеш.

Цицмиловиќ и Воска Спорт потпишаа договор за едногодишна соработка.