• Иван Димовски

Фудбалерите на Валенсија загубија на гостувањето на „Ванда Метрополитано“ кај Атлетико Мадрид (3-1). Потег на натпреварот, колото, а можеби и месецот оствари Србинот Урош Рачиќ.
Натпреварот започна со вистинска атракција. Српскиот интернационалец Урош Рачиќ постигна вистинско ремек-дело, откако од прва упати вистински проектил кој беше неодбранлив ниту за голман од калибарот на Јан Облак.
- Голот на Рачиќ против Атлетико Мадрид:
Во продолжението, Жоао Феликс, Суарез и Кореа го „украдоа“ шоуто на Рачиќ, бидејќи со три гола во мрежата на Доменек донесоа победа за лидерот во Примера.