Работнички, Вардар и Силекс ги добија можните ривали за второто коло во КЛ!

Македонија и оваа сезона ќе има три екипи кои што ќе се натпреваруваат во Конференциската лига на УЕФА. Откако Работнички, Силекс и Вардар во вторникот ги добија ривалите за првото квалификациско коло, денес ги дознаа можните ривали за следната рунда.

Вардар како освојувач на Купот обезбеди место во Конференциската лига, а ако ја мине Ла Фиорита од Сан Марино во следната фаза ќе се судри со Лозана од Швајцарија.

Работнички во случај да биде поуспешен во двомечот со Торпедо од Белорусија, следен ривал ќе му биде Макаби Хаифа од Израел. 

Силекс, пак, во првата рунда ќе се сретне со Дачиќ од Црна Гора, а ако успее да го елиминира црногорскиот претставник ќе игра двомеч со австриски Рапид.