• Саше Љолес

Еден од лидерите во Првата македонска лига, Работнички, ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во која дебармаалци ќе се обидат да го задржат чекорот со најголемите кандидати за шампионската титула.
„Моторите стартуваа“ во идилични зимски услови и во прекрасна атмосфера помеѓу играчите и сите членови на стручниот штаб. Работнички го комплетираше првиот дел од сезоната со 37 бода, исто колку Силекс и Шкендија, па затоа очекувањата се големи и тимот ќе даде максимум од своите можности за успешни резултати во текот на пролетта.
Поранешниот македонски шампион ќе одигра неколку контролни натпревари, a прв предизвик во ПМФЛ ќе биде натпреварот против Шкупи, кој е закажан за шеснаесетти февруари.