Работнички тоне сè подлабоко: Имаше 1-3, но пак загуби кај Ренова (ВИДЕО)

Иако во сенка на големото дерби меѓу Вардар и Шкендија, екипите на Ренова и Работнички одиграа неверојатен натпревар под Шара, крунисан со седум гола и големо славје за домашните фудбалери (4-3). Гостите од Скопје можат да жалат за пропуштената шанса со позитивен резултат да ја затворат оваа година, затоа што прокоцкаа водство од 1-3 и загубија со 4-3, со што ја продолжија катастрофалната игра во Првата македонска фудбалска лига.

Новиот стратег на „романтичарите“ Марјанчо Андрески, по одличниот натпревар со Шкендија во Купот на Македонија, посака уште една добра партија во Тетово, а неговите избраници му ја исполнија желбата и одиграа одлични први 45 минути против „гипсарите“, но катастрофален втор дел и заслужено со наведнати глави се враќаат дома.

Иако Ренова подобро го отвори натпреварот и преку Миоски ја имаше првата голема шанса за водство, гостите беа тие кои први се радуваа на погодок. Во 24. минута Стојков по малку среќно го проигра Марковиќ, а овој откако одлично ја прими биеше силно и неодбранливо за Велии и Работнички стигна до водство од 0-1. 

Но, скопската позитива траеше само три минути, откако Ренова доби најстрога казна, која во гол ја претвори Гафури (1-1).

„Романтичарите“ како да сакаа да докажат дека примениот погодок беше само мало нивно невнимание и повторно го нападнаа домашниот гол, а тоа резултираше со мајсторија на Петковски, откако со лоб ја смести топката во мрежата на Ренова, за ново гостинско водство од 1-2 на полувреме. 

Токму Петковски по само три минути игра во вториот дел донесе нова радост за својот тим, откако на среќен начин биеше неодбранливо за Велии и дебармаалци стигнаа до убедливи 1-3. Сепак, ниту тоа не беше доволно за нова победа во шампионатот. 

Во продолжение Ренова одигра неверојатен фудбал, ги казнуваше сите грешки на гостинските фудбалери и заслужено запиша херојска победа од 4-3. Во 60. и 62. минута Адеми и Миовски го најавија падот на Работнички, додека во 76. минута Селмани го совлада Шишковски и ги постави конечните 4-3. 

Работнички ќе презими на последната позиција на табелата во 15 бода, додека Ренова се искачи на осмото место со 22 бода, еден повеќе од деветтопласираниот Борец. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15