Работнички со пораз по пенали против Бокељ се прости од Медулин Купот

Македонскиот прволигаш Работнички го заврши својот настап на Медулин Купот кој се одржуваше во истоимениот град во Хрватска.

„Романтичарите“ загубија на последниот тест натпревар на овој пријателски Куп од екипата на Бокељ со 4-5 по изведување на пенали. Резултатот во регуларното време беше 0-0, а потоа тимот на Горан Станиќ загуби минимално во пенал-рулетот. 

Работнички настапот на Медулин Купот го заокружи со победа над Младост Доња Горица, реми со Краун Легаси и порази од Прва Искра Бариќ и Бокењ. 

Првиот натпревар од втората полусезона на ПМФЛ екипата на Работнички го игра против Шкупи на „Чаир“ на 16 февруари.