• Мартин Танасковски
Екипата на Работнички ја искористи репрезентативната пауза за пријателски натпревар против Кожуф во Гевгелија и славеше со убедливи 4-0.
Мечот се одигра по повод 100. годишнината на ФК Кожуф, а победи прволигашот со поквалитетен тим. Стрелци на головите за „романтичарите“ на овој натпревар беа Гандо Биала кој погоди двапати, како и Мисердовски и Бошковски кои стрелаа по еднаш.
Кожуф беше меѓу најдобрите тимови во ВМФЛ, но по мала криза го загуби чекорот со ривалите на врвот на табелата. Работнички, пак, се наоѓа на седмото место во ПМФЛ.