• Горан Упале

Екипата на Работнички продолжува со активностите на трансфер-пазарот и го официјализираше третото зимско засилување – српскиот фудбалер Никола Пејовиќ, кој ќе ја засили дефанзивната линија на тимот.
Дваесет и седумгодишниот интернационалец може да настапува како централен дефанзивец, но и по десната страна во одбраната, а во Дебар Маало пристигнува од редовите на Борац Бања Лука.
Пејовиќ зад себе има богато интернационално искуство, настапувајќи за клубови како Рудар Велење, Пролетер, Локомотива Загреб, Рудеш, Емполи, Пистоезе и Земун.
Претходно, раководството на Работнички ги промовираше и новите имиња Сухел Муареми и Зија Мерани.
Скопскиот клуб го очекува исклучително предизвикувачка пролет, со оглед на тоа што моментално се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со само седум освоени бода по 16 одиграни кола, што најавува жестока борба за опстанок.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.








