Работнички се засили со млад корејски фудбалер

Кореец

Македонскиот прволигаш Работнички го претстави првото засилување. Во Скопје пристигна корејскиот интернационалец Хјунг-јон Ли кој игра во средината од теренот.

Новиот играч на „романтичарите“ има 21 година и се обврза на двегодишен договор. Доаѓа од клубот Гиншајм, а претходно бил член и на Фонтана Финтен и Вехен.

Работнички извиси во борбата за Европа во последното коло од ПМФЛ кога загуби во директниот дуел со Шкупи на домашен терен.

Ли ќе се стави на располагање на Александар Влахо на првата прозивка на 26 јуни.