Работнички се сели во Анталија, договори две полски контроли

Работнички од денеска се сели во турскиот туристички центар Анталија каде ќе биде реализирана главната фаза од зимските подготовки.

Тимот на Борче Христов во наредните дванаесет дена ќе се фокусира на воигрување на составот и на контролни пријателски натпревари.

Засега се потврдени два теста. Работнички на 23 јануари ќе игра против Раков, четвртопласираниот тим во шампионатот на Полска, а три дена подоцна ќе ги одмери силите и со уште еден полски прволигаш, Краковија.

Работнички ќе остане во Анталија до 31 јануари, кога е планирано враќањето во Скопје.