Работнички против својот кошмар, лидерот без право на грешка во Тетово

Поразот од Шкупи воопшто не му се допадна на Ќатип Османи кој побара сериозен пристап од своите фудбалери со цел да се одбрани титулата во домашното првенество.

Патот до шампионскиот трофеј ќе биде тежок, а следниот противник во Тетово исто така. Тоа е Работнички кој игра променливо оваа пролет, но сепак е проблематичен за секоја екипа. „Романтичарите“ ќе се одмаздуваат за поразот во зимскиот дел од сезоната пред своите гледачи.

Тетовчани се во серија од пет победи во низа против својот следен противник, а се и големи фаворити за освојување на трите бода и на овој натпревар.

Последни пет меѓусебни средби:

  • Работнички - Шкендија 1-2
  • Шкендија - Работнички 6-2
  • Шкендија - Работички 3-0
  • Работнички - Шкендија 0-2
  • Шкендија - Работнички 2-1

Натпреварот е закажан за 14:30 часот на Градскиот стадион во Тетово, а главен судија ќе биде искусниот Димитар Мечкаровски.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Шкендија 79Шкендија 79 23 15 5 3 48:16 32 50
2 Академија ПандевАкадемија Пандев 23 13 3 7 28:17 11 42
3 ВардарВардар 23 12 6 5 26:16 10 42
4 ШкупиШкупи 23 9 6 8 24:22 2 33
5 РаботничкиРаботнички 23 9 4 10 30:33 -3 31
6 РеноваРенова 23 7 9 7 27:27 0 30
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 23 6 8 9 26:34 -8 26
8 СилексСилекс 1 23 5 9 9 16:28 -12 24
9 БеласицаБеласица 23 4 7 12 17:33 -16 19
10 ПобедаПобеда 23 5 3 15 17:33 -16 18