• Саше Љолес
Македонскиот прволигаш, Работнички од Скопје, доби прилично поскуван противник за првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, каде ќе ги одмери силите со екипата на од Toрпедо Белаз од Белорусија.
Дебармаалци сезоната ја завршија на третата позиција во Првата лига и заслужено се изборија за пласман во евро-куповите, а сега имаат добра шанса и за прогрес во следното коло од најмладото натпреварување на УЕФА.
Првиот натпревар ќе се одигра на 10 јули во Белорусија, а возвратниот дуел седум дена подоцна на арената „Тодор Проески“ во Скопје.