Работнички подобар од Брера во дуелот на новите второлигаши

Екипата на Работнички одигра пријателски натпревар со Брера Струмица во Скопје и успеа да слави со минимални 1-0 (0-0).

Тимот на Баже Јанакиевски се соочи со ривалот на стадионот Алумина и победи со еден гол во второто полувреме. Единствен стрелец на мечот беше тинејџерот Матеј Киш, кој во 52. минута го постави конечниот резултат.

Работнички и Брера се нови второлигаши, откако последната сезона не успеаја да го спасат прволигашкиот статус. Работнички испадна директно во ВМФЛ, додека Брера испадна преку баражот откако загуби со Скопје.