ВИДЕО: Работнички победи по пет меча, лесно ја надигра Македонија ЃП

Екипата на Работнички ја прекина црната низа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и по долго време без победа, конечно запиша три бода, совладувајќи ја Македонија Ѓорче Петров како домаќин со 2-0 (2-0).

„Романтичарите“ пет натпревари не знаеја за успех, имаа четири порази и едно реми, но конечно дојде малку „романтика“ во Градскиот парк. На Националната арена „Тоше Проески“, Работнички беше тимот што диктираше темпо на игра и со два гола во првото полувреме запиша посакуван успех.

Творци на победата на некогашниот македонски фудбалски првак беа фудбалерите од навалната линија. Првиот погодок падна во 10. минута, а беше авто-гол кој си го постигна Лима да Силва. Дејан Блажевски нафрли откосо, центаршутот фати чудно движење, а дефанзивецот на ѓорчепетровци ја заби топката во мрежата на Јовановски.

По постигнатиот погодок, Илијоски имаше убава шанса да даде гол, но не ја искористи, а неколку минути подоцна за првпат се закани Македонија ЃП, преку Робсон да Силва од далечина, но и тој не реализира. Во 19. минута Петковски пропушти фантастична прилика за гол, а тоа го исправи Ацковски, кој во 31. минута реализира за конечни 2-0, по една перфектна тимска акција.

Работнички со овој триумф се искачи на шестата позиција и има 43 бода. Дебармаалци се уште се во битка за четвртото место кое може да донесе пласман во еврокуповите, но истовремено стравуваат и за својот сигурен прволигашки статус. Македонија ЃП, пак, е на седмото место.

Во наредното коло Работнички гостува кај Беласица во Струмица, додека Македонија ЃП ја чека домашен дуел со еден од конкурентите за опстанок во елитата, екипата на Силекс.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Академија ПандевАкадемија Пандев 6 4 2 0 7:1 6 14
2 ВардарВардар 6 4 1 1 8:3 5 13
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 6 3 2 1 10:6 4 11
4 ШкупиШкупи 6 2 2 2 7:7 0 8
5 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 6 2 2 2 6:8 -2 8
6 ШкендијаШкендија 6 2 1 3 6:4 2 7
7 РеноваРенова 6 2 1 3 5:8 -3 7
8 РаботничкиРаботнички 1 7 2 1 4 6:10 -4 7
9 СилексСилекс 1 6 2 0 4 8:8 0 6
10 БорецБорец 7 1 2 4 3:11 -8 5