Работнички остана без капитенот, Трајчевски потпиша за Алки

Македонскиот прволигаш Работнички остана без капитенот Душко Трајчевски кој реши да замине на Кипар и да потпише со екипата на Алки.

Борецот во средниот ред кој има 27 години реши да направи прв интернационален трансфер, по пласманот со Работнички во квалификациите за Лигата на Европа. Трансферот го потврдија и од Алки, каде во Трајчевски гледаат засилување за настапите во кипарската елита.

Алки лани заврши на 11. место во кипарскиот шампионат и избегна испаѓање во понизок ранг. Трајчевски настапуваше во Работнички уште од 2013 година, а за него ова ќе биде прв интернационален предизвик. Претходно, настапуваше уште за Локомотива и Тетекс.