Работнички минимално ја совлада Беса за втор подготвителен триумф

Екипата на Работнички славеше во пријателскиот натпревар против Беса 1976 кој се одигра во Скопје со 3-2. 

Љупчо Марковски на оваа средба даде шанса на сите играчи, заиграа и младите таленти на „романтичарите“ и Калц може да биде задоволен од прикажаното на теренот во главниот град на Македонија. Меѓу стрелците за Работнички се запишаа Донарт Ибраими, Матеј Ѓурчиновски и Фета Фетаи. Од друга страна, за второлигашот Беса голови даваа Фитон Адеми и Артан Велиу.

Работнички сврте нов лист, со Марковски и изменет состав ќе тргне во ПМФЛ со надеж за подобри резултати од последните години. Скопскиот тим котираше на средината на табелата, со падови кон долниот дел. Во подготовките Работнички ги победи Тетекс (4-1) и Беса, загуби од Тиквеш (2-0) и играше без голови со Победа и Брегалница.

Беса пак, ќе има тешка задача во ВМФЛ која ќе биде поконкурентна од било кога, со 16 екипи и гиганти како Пелистер, Вардар, Беласица, Гостивар, Тетекс...