• Иван Димовски

Турција е меѓу омилените дестинации на младите играчи во Македонија. По тие стапки тргна уште едно младо име.
Се работи за Емре Кадри, кој има 18 години, и настапуваше за екипата на Работнички. Момчето кое настапува на позицијата дефанзивен играч за врска се сели во турскиот суперлигигаш Адана Демирспор. Кадри се наоѓа во Турција, каде што ќе се обиде да се докаже и наметне во новата средина.
Во редовите на Адана Демирспор настапува младинскиот македонски репрезентативец Јован Манев. Кадри сонува дека во иднина ќе биде клупски колега на Манев во првиот тим на Адана.