Работнички ќе ја дочека Брера во Маџари

Екипата на Работнички викендов ќе ја дочека Брера Струмица во натпревар од 17. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Тимот од градскиот парк на Скопје го потврди стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари за дуелот со струмичани. Поради новиот тревник на Арената „Тодор Проески“ не се игра прволигашки фудбал, па Работнички и Вардар бараат алтернативни решенија. 

Пресметката во Маџари ќе се одигра в недела од 13:00 часот, а на центарот ќе застане најискусниот наш судија Александар Ставрев.

В недела ќе се одиграат уште четири натпревари од 17. коло, а в саботасе среќаваат Македонија Ѓорче Петров и Вардар.