• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички замина за Хрватска каде ќе ја одработи главната фаза на подготовоките за продолжението на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и веќе ги дефинира пријателските натпревари.
Тимот ќе биде дел од Медулин Купот, кој повторно ќе се игра во земјата. Меѓународниот турнир ќе понуди натпревари со екипи од регионот и еден тим од Соединетите Американски Држави.
Покрај Работнички, дел од турнирот ќе бидат Бокељ, Прва Искра Бариќ, НК Хрваце, Радник Бијелина, Карловац 1919, Младост ДГ и американскиот тим Шарлот кој игра во МЛС-лигата.
Турнирот во Хрватска на кој екипите ќе бидат поделени во групи, а ќе победи оној со најмногу освоени бодови ќе се игра од 26 јануари до 5 февруари. Се очекува присуство на повеќе скаути на овој настан.