Работнички ја засили дефанзивата со Михаил Димитриевски

Прволигашот Работнички го промовира новото засилување за следната сезона, а тоа е Михаил Димитриевски

Младиот 22-годишен фудбалер доаѓа во скопскиот клуб од редовите на Брегалница. Тој настапува на позицијата десен бек, а во Работнички доаѓа по година ипол минати во таборот на штипскиот прволигаш. Сепак, минатата сезона со 27 настапи не успеа да му помогне на клубот да избори опстанок во ПМФЛ

Кариреата на Димитриевски започна во младите категории на Њу Старс, потоа се пресели во Локомотива Пехчево, а од февруари 2022 година беше член на Брегалница. 

Инаку, Михаил Димитриевски има и три настапи за младинската репрезентација на Македонија до 21 година.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.