ВИДЕО: Работнички има голмани херои – Шишковски и Јанков правеа чуда

Голманите на Работнички, Дамјан Шишковски и Ристе Јанков, се главните виновници за поделбата на пленот во градското дерби меѓу „романтичарите“ и Вардар кое се одигра во рамки на ПМФЛ.

Шишковски го почна натпреварот од првата минута, а имаше неколку одлични интервенции. Како најдобра се издвојува онаа на стартот на вториот дел, кога фати два обиди на вардарци во една акција, но несреќно се повреди.

  • Двојната одбрана на Дамјан Шишковски против Вардар:

На негово место влезе младинскиот репрезентативец Ристе Јанков, кој во 96. минута успеа да одбрани пенал и да донесе бод за својот тим.

  • Одбранетиот пенал на Ристе Јанков:

За Работнички ова беше значаен бод во борбата за опстанок во ПМФЛ, а тимот на Достаниќ останува непоразен и по три пролетни кола.