Работнички и Шкупи ќе играат на ФФМ, без присуство на публика

Експресно одреден е терминот за натпреварот од четвртфиналето на Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкупи, кој денеска беше одложен поради лоши временски услови.

Средбата беше предвидена да се игра попладнево заедно со останатите три меча, меѓутоа поради премногу вода на теренот на стадионот СЦ „Борис Трајковски“, таа беше одложена.

Според новиот термин, мечот меѓу Работнички и Шкупи ќе се одигра утре (четврток), со почеток во 13 часот, на комплексот на ФФМ, без присуство на публика.