Работнички горд на својата Академија: Дава вкупно 16 репрезентативци

За време на паузата во првенството поради настапот на репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Европското првенство, екипата на Работнички објави дека е горда што има двоцифрен број репрезенти во селекциите на националните тимови.

Претставник во А-тимот е голманот Игор Алексовски, а со задоволство се истакнува и дека поголем дел од фудбалерите во националниот тим во еден период од кариерата играле во клубот.

Покрај во најдобрата селекција, Работнички во моментот има дури 16 фудбалери од различни возрасни категории кои се дел од националните селекции на Македонија. Во составот на Драги Канатларовски во репрезентацијата на Македонија до 21 година, Работнички е претставен од капитенот Димитар Тодоровски, Стефан Деспотовски и Матеј Ангелов. Во моментот повикани се и поголем број фудбалери во селекциите на Македонија до 18, 17 и 16 години.

„Секако дека сме горди на оваа голема бројка репрезентативци. Работнички отсекогаш бил расадник на фудбалери кои играле во националните селекции, и сега во А-тимот има многу интернационалци кои во минатото беа дел од клубот, а наша посебна гордост е младинската академија која редовно ‘произведува’ нови репрезентативци“, вели шефот на стручниот штаб, Милан Илиевски.

Репрезентативците на Работнички: 

Игор Алексовски (А-репрезентација)
Димитар Тодоровски (У-21)
Стефан Деспотовски (У-21)
Матеј Ангелов (У-21)
Петар Јакимов (У-18)
Теодор Николовски (У-18)
Мухамед Елмас (У-18)
Никола Величковски (У-18)
Амар Хаџибулиќ (У-17)
Андреј Љубевски (У-17)
Даниел Коцев (У-17)
Алмир Подграѓа (У-17)
Никола Манојлов (У-17)
Јован Башнаков (У-17)
Каменчо Андоновски (У-16)
Беркај Шаини (У-16)