Работнички го продолжи договорот со својот прв чувар на мрежата

Искусниот голман и повремен репрезентативец на Македонија, Игор Алексовски, го продолжи договорот со управата на Работнички и ќе се задржи во скопскиот клуб до крајот на тековната сезона. 

29-годишниот чувар на мрежата е во Работнички од 2022 година, а претходно го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров, Вардар, Шкупи и Ренова.

Сезонава Алексовски беше прв избор меѓу стативите и ги одигра сите осумнаесет натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Дебармаалци се на делба на првата позиција на табелата со 37 бода, исто колку што имаат Силекс и Шкендија. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.