• Мартин Танасковски

Екипите на Работнички и Шкупи ќе играат во понизок ранг следната сезона, а во дуелот на испаднатите, славеа „романтичарите“ со убедливи 7-0 (5-0).
Мечот на некогашните прваци имаше очигледна разлика ако се земе предвид дека Шкупи игра со младинци оваа сезона и е најлошата екипа во Европа со само еден освоен бод на едно коло пред крајот на македонскиот шампионат.
Во првото полувреме на натпреварот во Скопје, Работнички постигна пет гола, а во вториот дел следеа уште два во мрежата на чаирчани, за конечниот епилог во претпоследниот меч за двете екипи сезонава во ПМФЛ.
Резултатот го отвори Матеј Ангелов во 16. минута, а потоа Талаков зголеми на 0-2 во 31. минута. Мухарем беше стрелец на третиот гол, а до крајот на првиот дел голови постигнаа и Талаков и Мехмед. Во второто полувреме Мухарем и Талаков ги поставија конечните 0-7.
Во последната рунда на ПМФЛ, Работнички е домаќин на Тиквеш, додека Шкупи гостува кај Брера Струмица.

