Работнички го донесе Србинот Иван Марковиќ од Каламата

Српскиот интернационалец Иван Марковиќ е ново засилување на Работнички. Тој потпиша договор на една година и треба да ја засили конкуренцијата во офанзивната линија. Тој е напаѓач кој може да одговори и како офанзивен играч за врска. Има 25 години и доаѓа од грчкиот клуб Каламата.

Младинскиот стаж го стекнал во српскиот клуб Партизан, а потоа гради и интернационална кариера. Бил член на Корона Киелце (Полска), ЦСКА Софија (Бугарија), Левадијакос (Грција), Черно Море (Бугарија), Геонгам (Кореја), Ескилстуна (Шведска). Во Србија настапуваше за Вождовац и за Радник.

Работнички утре попладне во 18:00 часот ќе одигра пријателски натпревар против второлигашот Брегалница на „Градскиот стадион“ во Штип.