Работнички доведе уште едно засилување, потпиша со Србинот Поповиќ

По Драган Стојков, екипата на Работнички од денес е посилна со уште еден фудбалер. Нов член на тимот од Дебар маало е српскиот интернационалец Бошко Паповиќ, кој треба да биде освежување за навалната линија на „романтичарите“.

Тренерот Александар Влахо и управата на клубот продолжуваат со засилување на играчкиот кадар, а со ангажманот на Паповиќ би требало дополнително да се засили нападот на повеќекратниот првак на Македонија.

Станува збор за млад и перспективен 22-годишен фудбалер кој поголемиот дел од кариерата го мина во младинската школа на Војводина. 

Паповиќ денес го стави потписот на договорот со Работнички, по што му се стави на располагање на стручниот штаб.