• Мартин Танасковски

Екипата на Работнички донесе ново име, откако Џејсон Езеб (19) потпиша договор со клубот за следниот дел од сезоната.
Младиот шведски напаѓач доаѓа од холандскиот клуб Дордрехт, а ги минал младинските академии на Хамарби и на Феенорд. Игра на позицијата напаѓач и се очекува да биде од голема важност за тимот на Работнички.
Дебармаалци активно се засилија во овој преоден рок, а мисијата е екипата да се спаси од испаѓање во ПМФЛ каде се наоѓа во долниот дел на табелата.





