Работнички доби големо засилување во нападот, потпиша со Валон Ахмеди

Македонскиот прволигаш Работнички беше доста активен на трансфер-пазарот оваа зима. Од клубот од Дебар маало си замина најдобриот фудбалер во првиот дел од сезоната, Али Регба, но раководството се потруди да доведе соодветна замена и својот ростер го засили со фудбалер со богато интернационално искуство. 

Валон Ахмеди е најново засилување на Работнички и доаѓа како слободен агент.  Ахмеди е офанзивен играч за врска, кој може да игра и на крилните позиции. Во кариерата има настапувано за Судтирол, Целје, Марибор, Кирјан Шмона, Интер Запрешиќ, Шахтер Солигорск, а негов последен клуб беше Шкендија.

Се очекува Ахмеди да биде од голема важност за тимот на Горан Станиќ и додадена вредност во нападот. Инаку, Ахмеди есенва одигра тринаесет натпревари за Шкендија во ПМФЛ и постигна еден гол. 

Во првото пролетно коло во ПМФЛ, Работнички ќе гостува кај Шкупи.