Рабио заработи казна од ПСЖ поради „лајк" на социјалните мрежи

Адриан Рабио подолг период е во „војна" со управата на ПСЖ поради тоа што одби да потпише нов договор, но сега целата таа сапуница доби нова епизoда.

Имено, Рабио се соочи со нова казна, бидејќи стиснал „лајк" на социјалните мрежи. Французинот, кој скоро сигурно ќе си замине од ПСЖ, лајкнал едно од Инстаграм видеата на кое Евра појаснува дека не сакал да омаловажи никого од ПСЖ, а првите луѓе на „светците“ тоа го сфатиле како нова провокација и со тој негов потег едноставно не застанал зад интересите на клубот.

Поради тоа Рабио заработи една од најчудните казни и ќе биде нема да земе плата за шест дена.