Рабио се кае што го одбра Јуве, сега сака да се пресели во Барса!?

Младиот француски фудбалер Адриен Рабио по само неколку месеци минати во редовите на Јувентус, наводно веќе размислувал за напуштање на италијанскиот гигант. 

Поради незадоволство од својот статус и минутажа во ПСЖ, беше префрлен во вториот тим, а со преминот во Јувентус се надеваше дека конечно ќе ја добие потребната шанса, но ниту во Торино не му е сјајно. 

Според италијанските медиуми младиот играч за врска веќе го искажал своето незадоволство во Јуве, а наводно неговата мајка, која воедно е и негов фудбалски агент, започнала преговори со Барселона. 

Шпанскиот шампион ова лето исто така беше заинтересиран за услугите на Рабио, кој беше слободен агент, но тогаш Фрацузинот се реши за премин во Јувентус и потпиша петгодишен договор.