Рабио се договори со Јувентус за наредните пет години!

Рабио Јувентус

Младиот играч за врска Адриен Рабио е блиску да потпише со екипата на Јувентус.

Бројни светски медиуми информираат дека 24-годишникот конечно ќе си ја исполни желбата и ќе си замине од ПСЖ. За доаѓањето во Торино ќе добие бонус од десет милиони, а ќе има годишни примања од седум милиони евра.

Договорот ќе биде во трајност од пет години, а Французинот ќе се приклучи кон „старата дама“ како слободен фудбалер.

Ова е уште една одлична зделка на управата на италијанскиот шампион која и во минатото правела слични потези. Долго време тимот е составен од неколку играчи кои пристигнале без надоместок.

По седум години во француската престолнина, Рабио е подготвен за нов предизвик. Италија за него ќе биде прво интернационално искуство, а со оглед на квалитетите кои ги поседува, сигурно дека нема да има проблеми да се адаптира на лигата.