• Горан Упале

По мирните и не така атрактивни први 45. минути, само што започна вториот дел од големото дерби на италијанскиот фудбал меѓу Милан и Јувентус, гостите од Торино стигнаа до почетно водство.
Стрелец на погодокот за „старата дама“ е летното засилување Рабио, кој на еден начин се претвори во Марадона, претрча речиси цел терен и на мајсторски начин ја „заби“ топката во мрежата на домаќините.
- Голот на Рабио против Милан:
Овој гол е првенец за Французинот по преминот од ПСЖ во Јувентус.