Пуштени во продажба влезниците за големото дерби меѓу Вардар и Шкендија

Управата на ФК Вардар ги пушти во продажба влезните билети за дерби-натпреварот против Шкендија во Првата македонска лига. 

Двата најсериозни кандидати за шампионската титула ќе се судрат уште во второто коло, па затоа се очекува и голема посетеност на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

Билетите ќе можат да се набават преку продажната мрежа на МкТикетс, а натпреварот се игра на деветти август, со почеток во 17:00 часот.

Двете екипи ја започнаа новата сезона со сигурни победи, Вардар славеше над Брегалница со 2-0, додека Шкендија со убедливи 3-0 го совлада повратникот во елитното друштво, Скопје.