• Саше Љолес

Македонскиот фудбалски прволигаш, Пелистер, официјално ги пушти во продажба влезните билети за големото дерби против Вардар, кое ќе се одигра во рамките на трети ноември, во рамките на 13. коло во ПМФЛ.
„Зелено-белите“ првпат во историјата ќе го дочекаат најтрофејниот клуб во вечерен термин, а интересот за дербито е огромен. Билети ќе се продаваат и на денот на одигрување на мечот, на стадионот „Петар Милошевски“, во периодот помеѓу 16:30 и 18:30 часот.
Управата на Пелистер апелира сите гледачи да дојдат порано и да обезбедат влезници, затоа што во спротивно клубот не може да гарантира навремен влез на стадионот. Вратите ќе се затворат во 18:30 часот, половина час пред почетокот на натпреварот.