Пуштени во продажба билетите за дуелот Бугарија – Македонија

Фудбалската федерација на Бугарија објави дека стартува со продажба на билетите за натпреварот против Македонија кој во Разград ќе се игра во рамки на Лига на нации.

Билетите се пуштени во продажба преку мрежата „Eventim“ и може да се купат на билетарата во Разград, како и онлајн. Наскоро, дополнително ќе бидат објавени и повеке локации на кои фановите ќе може да купат билети.

Цените се следните, има билети за четири сектори. Најевтин е секторот Б каде билет чини околу шест евра, секторот А чини нешто околу девет евра, додека најскапиот билет на трибини е 12 евра. Постојат и ВИП-билети по цена од 30 евра.

Натпреварот меѓу Бугарија и Македонија се игра на втори јуни од 19:00 часот.