• Иван Димовски
Фудбалерите на Соединетите Американски Држави и Бразил одиграа нерешено (1-1) на последниот тест натпревар пред Копа Америка. Средбата на „Кампинг Ворлд Стадион“ во Орландо понуди два гола во првата третина, а потоа 60.000 навивачи само уживаа во парадата на ѕвездите.
- Извештај од натпреварот:
Се влезе отворено во натпреварот и со две добри шанси. Јунус Муса имаше одличен обид, од преку 25 метри испрати „бомба“ во пречката на Алисон, а на спротивната страна се закани Винициус Жуниор чиј удар го скроти Мет Тарнер. Резултатот го отвори Родриго во 17. минута (1-0). Рафиња испрати топка низ одбраната, а асот на Реал излета откосо сам пред голот и пласира во подалечниот агол.
Сепак, водството и бразилската радост траеше релативно кратко. Течеше 26. минута кога Американците успеаја да израмнат (1-1). Домаќинот доби слободен удар на 17-18 метри, одговорноста ја презеде Кристијан Пулишиќ и стрела директно со низок удар во голманската страна. Во вториот дел имаше доста промени, темпото на игра опадна, но имаше по некоја шанса на двете страни. За Бразилците се закануваа Ендрик и Родриго, додека во американскиот табор опасни беа Пулишиќ и Аронсон, ама резултатски промени немаше.
Во Јужна Америка се одигра уште еден пријателски меч, а во него Еквадор ја победи Боливија со 3-1.