ВИДЕО: Пулишиќ се претвори во Азар и мајсторски асистираше за Жиру за сина радост во Истанбул! 

Екипата на Челзи игра фантастичен фудбал во Суперкуп дуелот против англискиот ривал Ливерпул.

Избраниците на Френк Лампард како да ја научија лекцијата по поразот од Јунајтед пред неколку денови во Премиер лигата и вечерва во Истанбул играат допадлив и атрактивен фудбал, кој во 36. минута беше крунисан со гол за водство од 1-0. Новото засилување Пулишиќ се претвори во Азар и по една соло акција прекрасно го проигра Жиру, а овој без многу проблеми ја смести топката во мрежата на Ливерпул. 

Голот на Жиру за водство на Челзи против Ливерпул: 

Само неколку минути подоцна Пулишиќ ја стресе мрежата на Адриан, но неговиот гол беше поништен поради офсајд ситуација.