Пулишиќ првпат позираше во синиот дрес на Челзи

Кога клуб како Челзи за некого ќе плати 58 милиони фунти, извесно е дека се работи за фудбалер со вредност и перспектива. Рефлекторите во клубот од главниот град на Британија ќе бидат уште повеќе врз Кристијан Пулишиќ и заради тоа што тој ќе биде единствено засилување на клубот ова лето.

На своето претставување и прва фото-сесија во дресот на „сините“, 20-годишниот Пулишиќ изјави:

„Остварив еден од моите најголеми сонови - да играм во Премиер лигата. Челзи ме мотивира и едвај чекам да почне новата сезона. Возбуден сум што ќе тренира и ќе ја делам соблекувалната со Канте, Давид Луиз, Рудигер“.

Пред да дојде во Челзи, Пулишиќ блесна во дресот на Борусија Дортмунд. Врз неговите плеќи ќе биде бремето да го замени Еден Азар, кој веројатно ќе го напушти „Стемфорд бриџ“ ова лето.

Многу веројатно Пулишиќ ќе биде единствен новајлија во тимот од Лондон, бидејќи Челзи доби забрана за купување на фудбалери, па нема да може да доведе никого, освен враќање на позајмените фудбалери.

  • Презентација на новиот дрес на Челзи: