ВИДЕО: Пулишиќ ќе го сонува промашениот пенал, реми без голови на Јуве и Милан

Екипите на Јувентус и Милан разочараа во Торино, барем кога во прашање се головите, затоа што во последниот натпревар од шестото коло во Серија А одиграа мирољубиво реми (0-0). 

  • Извештај од натпреварот:

Големото дерби на италијанскиот фудбал донесе две сосема различни полувремиња. Во првото повеќе се тактизираше и двете екипи имаа по само една вистинска можност за погодок, и второ полувреме во кое се играше директен фудбал и шанси се редеа како на филмска лента. 

Вторите 45 минути во Торино започна спектакуларно и малку фалеше двете мрежи да бидат затресени за краток период.  По само две минути игра во продолжението, гостинскиот голман Мањан со страшен рефлекс му одбрани зицер на Гати и со сочува својот гол.

Само пет минути подоцна големо возбудување и на спротивниот гол. Милан доби најстрога казна, а Пулишиќ ја намести топката на белата точка. Но, Американецот се посрамоти, откако топката заврши високо над голот на Јуве.

Двајцата тренери се решија со серија замени да ги освежат своите тимови, а токму резервистот Леао ја пропушти најголемата шанса за погодок. Во 73. минута сите на трибините ја видоа топката во домашниот гол, но португалскиот ас успеа да го промаши невозможното од само неколку метри.

Така, дербито на италијанските гиганти заврши со поделба на бодовите, со која двете екипи не ги променија местата на табелата. Милан останува трет, додеа Јувентус петти.