Пукштас го расплака Раков, Хајдук по 16 години повторно во Европа!

Хајдук конечно дочека европска есен! Сплитскиот гигант по пауза од цели 16 години обезбеди пласман во лигашката фаза на едно од европските натпреварувања, откако во драматичен двомеч го елиминираше Раков со вкупни 5-4.

Последен пат Хајдук играше во главната европска фаза во сезоната 2010/11, кога настапуваше во групната фаза од Лигата на Европа. На реваншот против Раков, Хајдук имаше одличен почеток и уште во првата минута преку Рон Раци стигна до водство. Со тој резултат се замина и на пауза.

Гостите, сепак, не се предадоа. Ламин Диаби-Фадига во 60. минута го израмни резултатот, но само шест минути подоцна Микеле Шего повторно го врати водството на Хајдук. Кога изгледаше дека домаќинот е пред пласман, во 88. минута Махир Емрели го постигна голот за 2-2 и го одведе натпреварот во продолженија.

Таму, сепак, Хајдук покажа карактер. Рокас Пукштас го постигна решавачкиот гол и се претвори во голем херој на сплитскиот клуб. Така, Хајдук го преживеа драматичниот двомеч со Раков и по цели 16 години повторно ќе има европска есен. Сплит конечно ќе гледа европски фудбал и во главната фаза.