„Пукна тиквата“ во ПСЖ: Меси шокиран по ударот во рамо од Мбапе (ВИДЕО)

Mesi

Килиан Мбапе промаши пенал, а потоа во еден момент застана да игра и доби заслужни критики од фановите. Францускиот напаѓач имаше меч за заборав против Монпелје, во кој се судри и со останатите ѕвезди на ПСЖ, Нејмар и Лионел Меси.

При вториот пенал, тој тргна да ја земе топката и на патот со рамото удри во аргентинскиот фудбалер.

Потоа замина да се објаснува со Бразилецот дека тој повторно треба да шутира од белата точка.

Францускиот првак ќе биде во проблеми, ако овие тројца не го поправат односот во текот на сезоната. 

Состави

Кристоф Галтие

3-4-3

    Oliver Dall'Oglio

    4-2-3-1