• Саше Љолес
Угледниот „Л'Екип“ објави вест во која е наведено дека првата ѕвезда на „триколорите“ Килиан Мбапе ги нарушил односите со селекторот Дидие Дешамп и тој најверојатно ќе остане без капитенската лента во националниот тим.
Иако Дешамп зборуваше дека тој и Мбапе немаат никакви проблеми, сепак, изгледа дека работите не се баш најсјајни и селекторот одлучил Франција да има нов капитен. Уште не е познато кој би ја добил лентата во иднина, а на минатите натпревари капитени беа Канте, Чуамени и Конате.
Доколку односите се подобрат, Мбапе би можел да ја добие лентата назад, но засега ситуацијата останува на „статус кво“, а брзоногиот голгетер воопшто не беше повикан за последните натпревари во Лигата на нации.