ВИДЕО: „Слоновите“ го истераа првакот од АКН, Италија го сочува рекордот

Брегот на Слоновата Коска ја комплетира сензацијата на Африканскиот Куп на Нации (АКН) и со победа над Алжир (4-1) го исфрли актуелниот владетел на црниот континент од натпреварувањето уште во групната фаза.

  • Брегот на Слоновата Коска - Алжир 4-1:

„Пустинските лисици“ потфрлија во целост и завршија како последни во групата, без ниедна победа. Алжир забележа едно реми и два порази. Два гола во првиот дел БСК постигна преку Кеси и Сангаре (2-0), а потоа Пепе со трет гол го уништи Алжир.

Во продолжението од мечот Ријад Марез промаши пенал за Алжирците, што беше евидентен доказ за нестабилноста на тимот, а потоа Бендебка само ја ублажи болката поради трагедијата од елиминацијата на АКН. Пред финишот, Халер го комплетира дебаклот на Алжир, со четврти гол на БСК.

Со овој пораз, Алжир ја прекина серијата без пораз. Африканската селекција немаше пораз на 35 натпревари во низа. Триесет и шестиот беше кобен за нив и така рекордот на Италија од 37 натпревари без пораз во серија останува на тронот.

  • Сиера Леоне - Екваторијална Гвинеја 0-1: 

Во вториот натпревар, Екваторијална Гвинеја со 1-0 славеше над Сиера Леоне и го потврди второто место. Единствен стрелец беше Ганет во 38. минута.