• Саше Љолес
Екипата на Јувентус доживеа нов непријатен пораз откако загуби од Галатасарај со убедливи 5-2 (1-2) во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите.
- Извештај од натпреварот:
Турскиот гигант добро го започна мечот, поведе во 15. минута со голот на Габриел Сара, но потоа Јувентус возврати со два погодока на Теун Компајнерс и ја задржа минималната предност на паузата меѓу двете полувремиња (1-2).
Ситуацијата се промени во вториот дел, Галата бргу израмни со голот на Ноа Ланг, а потоа дојде и до водство откако прецизно стрелаше Колумбиецот Давинсон Санчез. Агонијата на „бјанконерите“ се продлабочи кога Хуан Кабал доби втор жолт картон во 67. минута, а потоа следеше и целосен потоп по големата грешка во петерецот, која резултираше со четврти погодок во нивната мрежа.
На 4-2 зголеми Ланг, кој го постигна својот втор гол на мечот и донесе огромна радост за сите навивачи во Истанбул, а конечните 5-2 беа дело на Саша Бој во 86. минута. Галатасарај ќе патува со убава предност од три гола на реваншот во Торино, кој ќе се одигра на 25 февруари.









