• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година со пораз од Летонија (0-3) ги отвори подготовките во Турција кои се за квалификациите за Европското првенство (ЕП) кои следат.
- Извештај од натпреварот:
Тимот на Канатларовски немаше пораз на пет натпревари, броеше три ремија против Србија, Кипар и Саудиска Арабија и две победи над БиХ, но одбраната на овој натпревар пукна и прими три гола.
Летонците кои беа физички надмоќни ги казнија грешките на дефанзивната линија. Првиот гол падна пред паузата кога во 45. минута Пузиревскис донесе предност за Летонија, а потоа во вториот дел двоен стрелец беше Рекис за конечни 0-3.
Следниот натпревар за Македонија У21 на турско тло е за два дена против Финска, а за крај следи дуел со Словачка.