Пукна „бомбата“ во Сплит: Ребиќ потпиша со Хајдук и ја наследи „деветката“ на Трајковски

Хрватскиот напаѓач Анте Ребиќ по долгите преговори е ново засилување на Хајдук од Сплит. Искусниот фудбалер потпиша договор до летото 2026 година и ќе го носи дресот со број девет кој го наследи од македонскиот репрезентативец Александар Трајковски

Ребиќ е роден во Сплит, но досега никогаш не настапувал за Хајдук. Фудбалски се оформи во редовите на клубот Сплит, каде и ја започна професионалната кариера. Сега во преговорите со Хајдук најголем проблем претставуваше платата, а на крајот Рабиќ попушти. Во новиот клуб ќе заработува 450.000 евра по сезона, а договорот предвидува и бонуси со кои таа сума може да се зголеми.

Крилниот напаѓач ќе биде едно од главните оружја на Хајдук во обидот да обезбеди пласман во групната фаза од Конференциската лига. Следна пречка на патот е Динамо Тирана во третото квалификациско коло.

Ребиќ во досегашната кариера настапуваше за неколку клубови, а најдобриот период го имаше во Ајнтрахт Франкфурт, по што следуваше трансфер во Милан каде мина три сезони.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.