„Пука“ меѓу Атлетико и Алварез: Не сметајте повеќе на мене!

Хулијан Алварез отвори воен фронт со Атлетико Мадрид, откако Аргентинецот реши да притисне за трансфер во Барселона по секоја цена.

Напаѓачот се врати во тренинг-центарот по одморот и очекувал разговор со Диего Симеоне и претседателот Мигел Анхел Хил Марин за својата иднина. Сепак, ниту еден од нив не бил присутен, што дополнително го разочарало ѕвездениот напаѓач. Според „Мундо Депортиво“, Алварез бил бесен и јасно ставил до знаење дека не сака да продолжи во Мадрид доколку клубот не му дозволи преселба во Барселона.

„Доаѓам до крајот! Трпението ми пукна и ова ќе има жестоки последици! На мене повеќе воопшто не сметајте!“, наводно биле зборовите на Алварез.

Барселона веќе испрати понуда од 120 милиони евра, но Атлетико не сака ниту да преговара. Мадридскиот клуб се повикува на договорот на Алварез до 2030 година и откупната клаузула од неверојатни 500 милиони евра.

Алварез минатото лето пристигна од Манчестер Сити за 75 милиони евра и веднаш се наметна како една од главните фигури во тимот. Во 49 натпревари постигна 20 гола и запиша девет асистенции. Сега неговиот однос со Атлетико е сериозно нарушен, а клубот на 19 август ја започнува сезоната против Малага. Прашањето е дали Алварез воопшто ќе биде на теренот доколку спорот со раководството продолжи.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.