Публиката во Премиер лигата се враќа на трибините, но ќе гледа само едно коло!

Сезоната во Премиер лигата, која нема клуб кој не сака што побрзо да се заборави, својот крај ќе го има на 23 мај, датум за кога е закажано последното коло. 

Со исклучок на неколку кола, во кои на одредени стадиони имаше мал број гледачи, од самиот старт на сезоната трибините се празни во англиската елита. Но, многу веројатно фановите ќе може да ги бодрат своите клубови за кои навиваат уште еднаш оваа сезона, затоа што владата на Велика Британија донесе одлука кога ќе дојде до олабавување на мерките.

Строгите мерки за заштита од коронавирусот ќе траат до 17 мај, што значи дека последното коло од Премиер лигата најверојатно ќе се одигра сo присуство на публика. Се разбира, стадионите нема да бидат исполнети до последно место, но секако дека ќе биде голем ден за најверните фанови на премиерлигашите.