• Мартин Танасковски
Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Париз со 2-1 на „Паркот на принцовите“ во натпревар од 17. коло на француската Лига 1, во првото градско дерби меѓу двата клуба од 1978 година.
- Пари Сен Жермен - Париз 2-1:
Во мечот на двата клуба кои играат на стадиони оддалечени само 44 метри, ПСЖ ја контролираше играта и доминираше во поголем дел од средбата. Домаќинот прв го отвори резултатот кон крајот на првото полувреме, кога по грешка на средината на теренот и одличен пас на Фабијан Руиз, Дезире Дуе реализираше со прецизен шут под пречката, недостижен за голманот Трап.
Париз успеа да израмни на стартот на второто полувреме од пенал, откако Иља Забарни направи прекршок во 51. минута, а Вилијем Хебелс реализира за 1-1. Сепак, само две минути подоцна, Усман Дембеле го врати водството на ПСЖ со среќен гол, неговиот шут од страна, погоден преку Мамаду Ембоа, ги изненади голманот Трап за конечни 2-1.
Во целост, дербито не беше со висок интензитет, но ПСЖ ги искористи своите шанси и обезбеди три бода, оставајќи го Париз зад себе на табелата.
- Брест - Оксер 2-1:
Брест го надигра Оксер со 2-1, а Лориент и Мец играа без победник (1-1).









